ФОКУС НЕОФИЦИЈАЛНО: Мухамед Зекири е новиот директор на Фондот за здравство!

/ 24.09.2020

Мухамед Зекири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, пишува „Фокус“ додавајќи дека станува збор за неофицијална инфромација од нивни извори.

-Според нивните информации, се очекува во наредната недела да се финализираат последните договори. Тој ќе седне на местото на сега актуелниот в.д директор Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако Ден Дончев си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини, пишува Фокус.

Зеќири во март 2006 година беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат остана до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде беше уредник на вестите до септември 2016.

Тој по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата.


Од истата категорија