Никола Тодоров, поранешниот министер за образование и здравство, еден од ретките министри од 2015 кого го немаше во снимките на Заев иако шарената револуција и СДСМ му го наметнаа називот министер СМРТ, а кој му даде поддршка на Венко Филипче за справување со корна кризата и покрај ужасно кататрсофалните резултати, изминатиов викенд го посетил поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски во Будимпешта, објави порталот Фокус.
Фоксу тврди дека се обратил до Тодоров, но не добил одговор за причините и целите на оваа посета на Груевски.
Оваа објава на Фокус доаѓа истиот ден кога т.н. Иницијативен одбор го откажа нелегалниот конгрес за смена на Мицкоски.
Истовремено, Фокус се пофали и со интервјуто со Митко Јанчев, кој би сакал да го заземе метото на Христијан Мицкоски, иако нема одоговор како би го сторил тоа кога закажаниот, па денеска откажан конгрес немаше ниту една основа во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Јанчев досега не го објнсил овој момент.
Инаку,во јавноста стана легендарна неговата изјава дека Македонија би била како Швајцарија кога сите би биле како ЗоранЗаев.