Фолксваген има намерa наредната 2020 година, заедно со шведските партнери да започне изградба на претпријатие за производство на батерии за автомобили во Долна Саксонија, пренесува БГНЕС.
Во градот Залцгитер беше пуштен пробен погон, во соработка со шведската фирма „Нортволт”, со цел – развој на масовно производство на вакви акумулатори. Според претставникот на компанијата, Ханс Дитер Печ, со овој потег „Фолксваген” ќе биде од исклучително значење за развојот на производството на батерии во Германија.
До 2024, тоа би значело отворање на 1.000 работни места. Вкупната инвестиција ќе чини над милијарда евра.
Следните 10 години на пазарот ќе се појават 70-на нови модели електромобили, што ќе значи и поголема побарувачка на акумулаторни батерии.