Економската соработка меѓу ЕУ и Русија станува се потешка, нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, јави ДПА.

Таа изрази жалење што „многу наши обиди во текот на многу, многу години … да ги подобриме односите со Русија не постигнаа успех што беше можен“.

Претседателката на Европската комисија, која зборуваше на маргините на Европскиот совет во Брисел, ја истакна сериозната потреба за модернизација на руската економија. Таа истакна силна зависност на Русија од приходите од извоз на енергенси и, во исто време, неподготвеност на руските власти конструктивно да соработуваат со ЕУ.

– Планирам нови предлози за Русија, вклучително и во врска со проектот за гасоводот „Северен поток 2“, објави Фон дер Лајен. Таа истакна дека за различни опции ќе се дискутира во извештајот за односите на Брисел со Москва, што ќе биде објавен на крајот од следниот месец.