Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четврток ќе се обрати на пратениците во македонскиот парламент. Веднаш потоа е закажана и седницата на која ќе се расправа за францускиот предлог.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието сѐ уште немаат излезено со официјална информација за седницата.
Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.