Во присуство на првата дама на Украина Олена Зеленска, почесен гостин на годишното обраќање за состојбата на ЕУ, како знак на поддршка на храброста на украинскиот народ, кој го погоди и инспирира светот, Урсула вон дер Лејен потсети дека во февруари луѓето се разбудија во ЕУ, стаписани и со неверување за она што се случуваше на европскиот континент, кој веднаш се мобилизира во знак на поддршка на Украина и дека европскиот одговор на руската агресија беше одлучен, јави дописникот на МИА.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го започна своето обраќање за состојбата на ЕУ велејќи дека е горда на европската реакција на руската инвазија на Украина. Таа носи многу симболична облека, во боите на украинското знаме.
– Денес храброста има име, тоа е името на Украина, рече Урсула фон дер Лајен.
Таа ја обвини Русија дека води војна против европските вредности.
– Убедена сум дека со потребната храброст и потребната солидарност Путин ќе претрпи пораз, а Украина и Европа ќе победат, рече претседателката на ЕК.
Шефицата на европската извршна власт го поздрави влијанието на европските санкции врз руската економија. Шест месеци по самитот во Версај, иако Владимир Путин сепак се гордее што го ограничил влијанието на мерките преземени против неговата земја, според нашата анализа, оваа опсервација е далеку од реална, истакна Фон дер Лајен.
Додека Урсула фон дер Лајен им оддава почит на Украинците, ЕУ подготвува нова финансиска помош од 5 милијарди евра за Киев. Но, дваесет и седумте членки се борат да се договорат за нов пакет санкции, особено поради Унгарија, обвинета дека ја игра играта на Москва.