Бројот на милијардери во светот од мината година се намалил за 55 лица, односно 2.153, пишува американскиот магазин „Форбс“, објавувајќи листа на најбогатите луѓе во светот.

Најмногу милијардери се намалиле во азиско-пацифичкиот регион, особено во Кина, каде што оваа година се помалку за 49 богаташи.

Бројот на богатите луѓе се зголемил само во Бразил и во САД. Во САД, сега тие се 609, од кои 14 се наоѓаат на првите 20 места.