Тајланѓанецот Алекс Албон следната сезона ќе се врати во Формула 1 како возач на екипата на Вилијамс, соопшти британскиот тим.
Албон во Вилијамс ќе го замени Џорџ Расел, кој претходно неделава потпиша за Мерцедес, а клупски колега ќе му биде Николас Латифи.
Дваесетипетгодишниот Албон во текот на 2019 и 2020 година собра 38 настапи во трките на Формула 1 за екипите на Торо Росо и Астон Мартин, забележувајќи две трети места.
Во 2019 година заврши како осмопласиран во генералниот пласман, а следната година заврши на седмото место. Оваа година Албон е тест возач на Ред Бул.