Италијанската екипа Алфа Таури ќе одржи промоција на новиот болид „AT04“ на 11. Февруари идната година, соопштено е денеска на официјалниот сајт на Формула 1.

Во новиот болид ќе возат Јуки Цунода, пред кого е третата сезона во кариерата во Ф1 и дебитантот Ник де Врис, светскиот првак во Формула Е.

Де Врис во Алфа Таури дојде на местото на Пјер Гасли, кој мина во редовите на Алпин.

Италијанската екипа се надева а подобри резултати со новиот болид, откако од третото место освоено во 2021 година се спушти на деветтата позиција во 2022. во конкуренција на конструктори во првенството на Ф1.