Гран-при во Малезија би можел да се врати во календарот во Формула 1 во 2020 година, ако конечно се откаже кинеското Гран-при, објави „Auto Motor und Sport“.
Формула 1 продолжува да работи на формирање на календарот за втората половина од сезоната. Во моментов се потврдени вкупно десет трки.
Последен пат кога се одржа Гран-при во Малезија на патеката „Сепанг“ беше во 2017 година, по што организаторите решија да не го обновуваат договорот.