Формула 1 тимот на Мекларен ќе добие нов модернизиран воздушен тунел, објавија британските медиуми.
Изградбата на овој тест објект ќе биде на местото на досегашниот во Вокинг и ќе започне наскоро. Се очекува тунелот да биде завршен во рок од две години.
Сега Мекларен за испитување на аеродинамичните карактеристики на болидите го користи тунелот на Тојота во Келн, Германија.