Пилотот на Мекларен, Ландо Норис, ја повреди ногата и е принуден при движење да користи ортопедско помагало. Се работи за повреда на левото стапало која може да го оддалечи од белгиското Гранпри.
Норис преку социјалните мрежи изрази желба да се трка и покрај тоа што е повреден.
Од Мекларен соопштија дека 19-годишниот возач во Формула 1 има повреда на тетивата и дека постојат шанси Норис да биде во својот болид.
Трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Белгија ќе се вози претстојниот викенд.