Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денеска излезе со официјална изјава во врска со ситуацијата во Кина. Многу е веројатно поради епидемијата со коронавирусот трката од Формула 1 шампионатот да биде одложена.
– ФИА внимателно го следи она што се случува во Кина во врска со епидемијата на коронавирус, вели претседателот на лекарската комисија на ФИА, професорот Џерард Сајан.
Кинеското Гран-при е предвидено да се одржи на 19 април и голема е веројатноста истото да биде откажано.