Трката за Големата награда на Јапонија на патеката „Сузука“ ќе се вози и во следните три години, соопшти денеска раководството на Формула 1.
Со договорот потпишан меѓу Ф1 и промоторот на трката „Mobilityland“, Големата награда на Јапонија останува во календарот најмалку до 2024 година.
Патеката во „Сузука“ за првпат беше домаќин на трка во рамки на Ф1 во 1987 година, а Јапонија за прв пат доби возач во Ф1 во 2014 година во Јуки Цунода.
-Навистина сум воздушен што Формула 1 ќе продолжи да се вози на патеката „Сузука“ и во следните три години. Јапонија зазема посебно место во меморијата и срцата на фановите на Ф1 низ целиот свет, изјави извршниот директор на Ф1 Стефано Доменикали.