Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) и Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) ќе навлезат во виртуелниот свет ослободен од пандемијата на коронавирусот и ќе се натпреваруваат со навивачите на Формула 1 во трката „Не е Гран При на Австралија“.
Настанот е во организација на „Велос еспорт“ и ќе се емитува во живо во Твич и Јутјуб од 18:45 часот по македонсско време. „Ќе возиме во Австралија без да бидеме во Австралија“, напиша Норис (20) на Твитер пред натпреварувањето во играта Ф1 2020.
Трката ќе се емитува на www.the-race.com и ќе настапат победникот на Инди 500, Сајмон Пажено, поранешните пилоти во Формула 1, Хуан Пабло Монтоја и Рубенс Баричело, нивните синови и двократниот онлајн шампион во Формула 1, Брендан Леи. Дел од неговите големи ривали во последните години, исто така, ќе „застанат зад решетката“ и веднаш до нив ќе биде и Индикар пилотот, Колтон Херта.
– Ни беше непријатно по откажувањето на стартот во Австралија, сами се сетивме на Индикар и веќе знаеме за Формула Е. Во четвртокот, започнавме да правиме план и до петок веќе имавме програма. Поканивме и некои вистински пилоти, а нивниот одговор беше одличен. Нештата навистина се развија брзо, рече Дарен Кокс, главен организатор на настанот.
Кокс додаде дека трката всушност нема да биде во Австралија. Името на патеката се чува во тајност за да се избегне обука во симулатори.