Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, постави нов рок за потпишување на договор со Луис Хамилтон.
– Адвокатите работат напорно. Треба да потпишеме до пред Бахреин. Ова е последниот рок, изјави Волф за „ОРФ“.
Првата трка од новата Ф1 сезоната ќе се одржи во Бахреин на 28 март. Предсезонските тестови се закажани за 12-14 март на истото место.
Волф исто така рече дека не му се заканува на седумкратниот светски шампион со можностна негово место да го донесе Џорџ Расел од Вилијамс.
– Нашата долгорочна соработка не вклучува закани. Јас само кажав кои ни се опциите. Во одреден момент ќе го извадиме пенкалото и ќе одлучиме. Сепак, нашата врска со Хамилтон има солидна основа и сакаме да постигнеме уште поголем успех во иднина, истакна Волф.