Во четвртиот ден од еднонеделната акција за одржување на зеленилото, активностите на терен продолжуваат со засилено темпо и видливи резултати. Акцијата се реализира во тесна соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, како дел од континуираниот ангажман за зачувување на урбаната средина и јавните простори.

Во оваа фаза се исчистени и уредени зелените површини долж улиците Никола Малешевски, Август Цесарец, Методија Митевски и Ферид Мурад, при што е извршено собирање на лисјата, отстранување на сезонски отпад и кроење на гранките.

Акцијата започна во Топанско Поле – Мега Парк и ќе продолжи и во наредните денови на други зелени локации, со завршница во Паркот на Чаир.






