Албанскиот главен град Тирана е едно од најатрактивните места за празниците на крајот на годината, јави дописничката на МИА.
Плоштадот „Скендербег“ е вистинско чудо. Осветлувањето на плоштадот во секој агол е совршено поставено што го потврдуваат и фотографиите од „плоштадот под светилки“.
Пред божикните празници дел од Тирана беше осветлен и со специјални светилки во форма на крст.
„Волшебна“ Тирана го привлекува сечие внимание и никого не остава рамнодушен на нејзината Новогодшно – божиќна бајка.
Покрај земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември и последователните над две илјади послаби потреси, сепак не е мал бројот на странските туристи кои празниците одлучија да ги минат во албанската метропола.