Еден од фудбалерите на Реал Мадрид долго ќе го памети изминатиот викенд во Киев и тоа не само по триумфот во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул туку и поради авантурата која ја имаше по средбата и тоа против една од најатрактивните пејачки во моментов – Дуа Липа.
Станува збор за Марко Асенсио, кој оствари двоен триумф во саботата, освојувајќи ја една од најголемите британски музички ѕвезди во моментов, која има потекло од Косово и која на финалето ја пееше официјалната химна на ЛШ.
Şampiyonlar Ligi finali sonrası geceyi birlikte geçirdiler https://t.co/BcWZeDFSXB pic.twitter.com/TKVETIVF75
— CNN TÜRK Spor (@CNNTURKSpor) 28 May 2018
Денеска телевизијата „Си-Ен-Ен“ на турски јазик ексклузивно објави дека дека асот на Реал и Липа ја минале ноќта заедно, по што дури во утринските часови со насмевки на лицето го напуштиле хотелот.
Асенсио, инаку, влезе во второто полувреме во триумфот на мадриѓани над Ливерпул со 3-1.