Пред три недели актерот Еди Марфи (57) стана татко по десетти пат. Неговата свршеница Пејџ Бачер на 20 ноември го роди Макс Чарлс.
Новогодишнате семејна фотографија на актерот е несекојдневна, на неа тој позира со своите десет деца од кои најстарото дете има 29 години, а најмалото 3 недели.
Еди Марги ја држи во раце двегодишната ќерка Изи Он, а неговата свршеница новородениот син Макс Чарлс.
На фотографијата е 29-годишната ќерка Бри и 29-годишниот син Ерик, 28-годишниот син Кристијан, 11-годишната Ејнџел Ајрис која ја има од врската со Мел Б од Спајс грлс, 16-годишната Бела Захра, 19-годишната Зола Ајви, 24-годишната Шејн Одра и 26-годишниот Мајлс Мичел.
На фотографијата се и мајките на децата како и свршеницата.
„Среќен Божиќ“, пишува под веселата семејна фотографија.
Еди Марфи има 10 деца од 5 различни жени.