Она што беше незамисливо, станува реалност. Почнува да се пушта во сообраќај автопатот Кичево-Охрид, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Од денеска за сообраќај се пушта потегот од Врбјани до Ботун, ова е првиот дел од автопатот Кичево -Охрид. Огромното е значењето на овој автопат како дел од коридор 8 кој ќе ја раздвижи економијата, туризмот и севкупното живеење во овој дел од Македонија. Нека е со среќа, посочи Николоски.

Од денеска за сообраќај се пушти потегот од автопатот од Врбјани до Ботун како автопатско решение. Ова е првиот дел од автопатот Кичево -Охрид.

Како што беше истакнато, во тек се силни градежни активности по целата траса на автопатот и се очекува целосно да биде завршен крајот на следната година.

-Овој проект беше симбол за неспособноста на СДСМ и ДУИ и e симбол за посветеното работење на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оцени Николоски.