Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со Игор Иџе Стефановски.

-Денеска имавме вистинско адреналинско искуство со легендарниот македонски професионален авто-рели возач, Игор Иџе Стефановски. Го прошетавме Скопје со неговиот „службен“ автомобил и разговаравме за инфраструктурните сообраќајни проекти и решенија кои се вметнати во мојата програма, објави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека е голема чест и задоволство е да се биде дел од ваква инспиративна приказна, во која се спојуваат страста, посветеноста и љубовта кон спортот.

Градот Скопје ќе даде поддршка на спортскиот автомобилизам, потенцира Ѓорѓиевски и додаде:Благодарам за поддршката за мојата кандидатура, Иџе!