Интензивно се работи на изградбата на автопатот Прилеп-Битола во должина од околу 40 км кој е дел од Коридорот 10д и од проектот за изградба на четирите автопатски делници во изведба на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на терен беше запознаен со моменталниот статус на изведба на градежните активности при што беше известен дека во моментов непречена работа е овозможена на должина од околу 11,5 км и се изведуваат градежни активности на 1 мост, 2 подпатника, 2 надпатника, 4 плочести пропусти и 22 цевасти пропусти. На овие позиции работат околу 700 лица и се вклучени повеќе од 400 различни машини и механизација од изведувачот и од подизведувачите.

ЈП за државни патишта

-Инаку, во тек се земјените работи на дел од главната траса, се врши расчитување на вегетација, отстранување на хумусен слој, а на дел од главната траса отпочната е изведба на насипи. Досега се извршени ископувања на околу 660,000.00m³ земја, вградени се 350,000.00 m³ материјал за пополнување, произведени се 30,000.00 m³ бетон за завршување на бетонски работи на автопатската делница. Изграден е и камп за привремено сместување со капацитет за повеќе од 750 лица.

ЈП за државни патишта

Секоја работа на терен носи предизвици. Па така е и со оваа траса каде сè уште е во тек и процесот на отстранување и уништување на старите експлозивни направи на кои наидовме на дел од трасата, а за можните археолошки наоѓалишта од страна на надлежните институции обезбеден е повремен и постојан надзор на трасата. Во обата случаи, работите за изградба на патната делница на конкретните локации се запираат додека не се обезбедат соодветни потврди дека планираната траса е чиста и нема пречки за да се продолжат работите, информираат од претпријатието.

ЈП за државни патишта
ЈП за државни патишта

Финансиската конструкција за оваа делница од патната инфраструктура е проценета на 260 милиони евра според студијата за оправданост.