Суматра Сусуфан е девојка од Тајланд која стана позната како „највлакнеста во светот “ па дури влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Таа боледува од ретко нарушување кое погодува само 50 луѓе во целиот свет, поради што почнала да и расте густа брада по целото лице.
Иако поради нарушувањето прво ја исмејувале, откако стана популарна животот и се смени на подобро.
-Не сакам да се бричам. Ова ме прави посебна, рече Суматра откако стана славна.
Сепак одлучи да ги отстрани влакната и ја објави сликата од своето вистинско лице, позирајќи со сопругот:
Таа напиша дека тој е љубовта на нејзиниот живот.