Копија на оргиналниот саркофаг на кралот од Античка Македонија, Филип Македонски, изработен од врвни македонски копаничари ќе биде изложена во кичевското село Белица на 24 јули годинава.
– Во пресрет на Беличките средби на 24 и 25 јули годинава информација до сите беличани и наши пријатели од целиот свет. За прв пат во историјата на Македонија во црквата Свети Ѓорѓија ќе биде јавно изложена копија на оргиналниот саркофаг на Кралот од Античка Македонија – Филип Македонски изработен од врвните белички и македонски копаничари Злате и Јане Крстески. Покрај ова дело ќе бидат изложени и други нивни дела кои ги красат многу наши јавни установи, цркви и манастири во Македонија и ширум светот, информираат беличани преку нивната објава на Фејсбук.
Кичевското село Белица е познато по тоа што ја негува традицијата и македонските симболи кои може да се забележат на многу места низ ова кичевско село. Редовно се обновуваат знамињата со 16 кракото сонце, кое беше официјално државно знаме на Република Македонија по нејзиното осамостојување, а кое актуелната власт во Македонија го бриши и бруси насекаде, по склучувањето на договорот од Нивици со кој беше сменето уставното име на Република Македонија.
(Д.Г.)