По четиригодишна врска познатата српска пејачка Александра Пријовиќ вчера официјално стана и госпоѓа Живојиновиќ и заплива во брачните води со Филип Живојиновиќ.

Неколку медиуми ја следеа целата венчавка и директно известуваа за свадбата за која ќе се зборува уште долго време.

Младенците судбоносното „да“ го кажаа во црквата Св. „Василиј Острошки“, на Бежаниска коса, а забавата се одржа во Експорт салата. Пред 900 гости и матичарот официјално го ставија потпис и стана сопруг и сопруга.

Музичари, пејачи, водители, спортисти можеа да се видат на големото случување кое го одбележа вчерашниот ден.

Покрај гостите од Србија, имаше гости од Америка, но и од Македонија. Познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ ја имаше честа да биде дел од свадбата на семејството Живојиновиќ.

На социјалните мржи се појавија неколку фотографии на кои е Антиќ заедно со негов колега и пријатели. Бидејќи станува збор за една од најгламурозните свадби, гостите меѓу кои и нашиот кошаркар сигурно си поминале преубаво.

фото:Инстаграм