Гордеј се Струмицо моја на делата што ги создаваме за нас и за генерациите по нас, изјави денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој соопшти дека градат историски мост на реката Водочница.

– На моите денешни гости, вицепремиерот Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак, со посебно задоволство им го покажав и мостот во изградба на реката Водочница. Тоа е првиот булеварски мост во историјата на Струмица којшто го градиме со средства од буџетот на општина Струмица. Гордеј се Струмицо моја на делата што ги создаваме за нас и генерациите по нас, објави Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Фотографии од „историската градба“ на Водочница може да се видат под објавата на Костадинов.