Македонската рагби екипа во Австралија ги носи најубавите дресови со македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа, објави претседателот на СМК, Тодор Петров.
– Вчера во „Викторија Парк“ во Мелбурн, се одржа “Хармони Купот 2020” во рагби, на кој учестуваваше и тимот составен од Македонци кои настапуваат како Македонија! Македонците се впечатливи особено по уникатните дресови со сонцето од Кутлеш. Македонската рагби репрезентација на купот забележа два порази против Италија и Ирска, како и еден триумф против тимот “Хармони”, објави Петров.
Честитки за Македонците од рагби екипата во Австралија.