Цели 13 месеци Анијас и Џејдон Мекдоналд беа неразделни, но никогаш се немаа видено еден со друг – лице в лице.
Двете дечиња беа сијамски близнаци поврзани на темето на главите, пред минатиот месец да минат низ успешна операција за раздвојување.
Фотографијата од моментот кога двете братчиња за првпат ќе се погледнат растопува срца низ светот.
„Ова е најневеројатното нешто. Не можам да поверувам“ – изјавила мајката Никол Мекдоналд.
Комплицираната операција за раздвојување на близначињата траела 27 часа. Добрата вест е што тие закрепнуваат со рекордна брзина. Според CNN, момчињата деновиве ќе бидат префрлени на рехабилитација, шест недели по раздвојувањето. „Историски, ова ќе биде најбрзото закрепнување“ – изјавил главниот хирург д-р Џејмс Гудрич.
За време на рехабилитацијата, дечињата ќе научат да лазат и да ги подигаат главите, едноставни работи кои досега немаа можност да ги прават.