Арја Пермана е детето кое тежеше неверојатни 192 килограми. Татко му вели дека од што премногу го сакал, го разгалил па затоа толку се здебелил.
По извршени хируршки интервенци и специјални диети, Арја сега има околу 80 кг. Погледнете го видеото:
За да ја намали тежината ова дете морало да оди на операција за отстранување на дел од желудникот, но и пред оперативниот зафат да се изведе било потребно да намали дел од својата тежина. Докторите му препишале диета која се состоела од овошје и зеленчук, заедно со зголемена физичка активност која вклучувала одење и пливање, но Арја успеал да ослабе само 9 килограми, затоа што со подршка на родителите често не се придржувал на планот за исхрана.
Арја не можел да посетува училиште затоа што движењето му претставувало голем напор, а не можел ни да седи. Затоа докторите биле упорни и посебно насочени кон ова дете и неговата тежина и килограмите почнале да се намалуваат. Иако успеал да ослабе само 9 килограми, 2 недели пред операцијата намалил уште 17 килограми. По извршената интервенција Арја продолжил да губи во телесна тежина, но внимавајќи на својата исхрана и практикувајќи редовна физичка активност.
Арја сега ужива во новиот живот кој го има и ги прави сите работи кои ги прават неговите врсници.
Му престои борба со намалување на уште килограми, а и хируршки зафат за отстранување на вишокот на кожата. Но, Арја се чувствува одлично, со до сега намалени 99 килограми.