Во деведесеттие години, Јасна Милиновиќ- Јами беше една од најголемите ѕвезди на овие простори. Уште тогаш, таа го заведе поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
-Јас бев една од најпопуларните пејачки во земјата. Ѓукановиќ во тој момент доживуваше политички залет, кој не можеше да се запре, изјави пејачката своевремено во емисијата „Булевар 92“ и додаде:
-Кога времето беше ладно и имаше снег, не можев јас со автомобил да одам во Подгорица. Поради тоа, тој за мене праќаше хеликоптер и мал авион. Доста лесно и брзо стигнував на случувањата кои беа таму. Кога ќе стигнев таму, другите коментираа: „Еве, пристигна нашиот дијамант“.
-Едноставно, јас бев негова миленичка, некој кој апсолутно можеше да го задоволи неговиот вкус, посебно пејачки вкус, додава таа.
Погледнете како денеска изгледа некогаш популарната пејачка:
Пластичните операции и изобличија
Јасна Миленковиќ – Јами повеќе не личи на себе, а беше една од најатрактивните пејачки на српската естрада.
Но, како поминуваа годините таа се одлучуваше за пластични операции за да ја задржи својата убавина, сепак тие не и завршија голема работа.
Во последното итервју Јасна изјави дека таа е заслужна за кариерата на голем број музичари од Србија, но и додаде:
„Од мене почна се! Првиот спот и фотосесија ми ги направи Дејан Миличевиќ за песната „Чоколада“. Првиот голем хит „Шибица“ го пишуваше Мили. Првиот вистински хит „Шта тражиш ти у срцу мом“ го пишуваше Бајага. Јас сум многу талична, од мене почнало се. Се чувствувам одговорна за успехот на многу ѕвезди“.