Синот на Дани Димитровска е матурант во гимназајата „Орце Никлов“. Познатата пејачка му посвети емотивна порака на Лазар.
– Кога ја пеам “Свети” на него мислам. А Бог ми свети посјајно и од сонцето.. во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта. Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе.. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив – напиша Дани на „Инстаграм“.
Во претходно интервју, Димитровска откри дека Лазар е добар со електронски уреди и дека игра кошарка.