Актерката и пејачка, Нивес Целзиус позираше на тераса во кратко фустанче кое и го истакнува деколтето, а многумина беа изненадени од нејзиното признание дека е заљубена.

Целзиус моментално се наоѓа во Опатија.

„Дали сте заљубени? Јас сум и малку позаљубена овие денови. И љубовта е поубава во Опатија“, напиша Нивес на Инстаграм.

Нејзината фотографија доби над 15.000 лајкови.

После бракот со фудбалерот Дино Дрпиќ не била во сериозна врска.