Унгарски медиуми објавија фотографија од Никола Груевски, како управува возило. Тие информираат дека фотографијата е објавена на албанскиот портал „Кориери“. Албанскиот медиум, пак, пишува дека фотографијата ја презел од црногорските медиуми, и дека е создадена во една од балканските држави низ кои минал за да стигне во Унгарија. Но, во црногорските медиуми, барем во оние почитаните, ја нема фотографијата.
Всушност, се работи за стара фотографија од протест на ВМРО- ДПМНЕ. Но, не е јасно зошто и како фотографијата стигнала до медиумите и со која цел или медиумите, сакајќи да профитираат некој клик повеќе, ја користат актуелноста на бегството на поранешниот премиер во Унгарија.
Впрочем , според сите досега достапни и релевантни информации, практично не постои ситуација во која во текот на патот од Скопје до Будимпешта Груевски би се нашол во можност да управува со автомобил.