Уметникот и колекционер Мартин Даман со години проучувал воени фотографии, а за време на своето истражување пронашол голем број аматерски фотографии на германски нацисти, кои биле облечени како жени. Фотографиите, кои противречат на нацистичката идеологија, се објавени во книга.
Даман вели дека овие фотографии даваат добар увид во животот на војниците и начинот на кој тие се забавувале. Главно биле направени за време на прослави и забави, а очигледно е дека војниците давале сѐ од себе за да ги насмеат другите.
На фотографиите, кои Даман ги сублимирал во книга, меѓу другото, можете да видите како нацистите носат градници и вежбаат кореографии. На една од фотографиите е прикажан млад германски војник со неговата сакана актерка, која ја глуми маж облечен во краток фустан.
На одредени фотографии, војниците кои му служеле на Третиот рајх се нашминкани, но социологот Харалд Велзер вели дека тоа не е ништо необично.
„Иако изгледа парадоксално, со оглед на околностите на војната, хетеросексуалци во женската облека, а понекогаш и долната облека, не претставува ништо необично. На војниците секогаш им треба малку забава “, вели рече Велзер.