(ФОТО) Ова е “аудито на смртта” кое излета во Вардар и однесе 4 животи

/ 03.01.2025

Пронајдено телото на 56 годишниот маж кој беше четвртиот патник во возилото од несреќата на патот Рашче – Сарај.

Претходно синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на селото Рашче.

Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба.


Од истата категорија