Додека бившиот премиер и партиски лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој досега од уста не ја вадеше „северна“, по вчерашната победа на Македонија над Украина, се јави со честитки за „македонската репрезентација“ без „северна“, подмлаткар од неговата партија наиде на револт на социјалните мрежи откако кажа дека не навивал за Македонија поради Стојанче Стоилов и Кирил Лазаров.

Младинецот Воислав Попоски, кој на социјалните медиуми се претставува како вработен во Социјал-демократска младина на Македонија (подмладокот на СДСМ) синоќа на социјалните мрежи објави статус кој наиде на огромна осуда од јавноста.

Неговиот статус на неговиот профил откако беше жестоко нападнат од многумина повеќе го нема. Попоски, според прикажаното на социјалните медиуми, е од Вевчани.