Многумина го познаваат Филип Живојиновиќ, најстариот син на сопругот на Лепа Брена, поранешниот тениски првак во Југославија, Боба Живојиновиќ.
Имено Филип е дете на Боба и Зорица Десница, со која поранешниот тенисер беше само верен.
Филип е во брак со познатата пејачка Александра Пријовиќ, со која го има синот Александар.
Јавноста често пати ја нарекува Пријовиќ, снаата на Лепа Брена, но тоа не е навистина така бидејќи Брена не е вистинска мајка на Филип.
Брена и Боба стапија во брак во 1991 година, а ги имаат синовите Виктор и Стефан, а пејачката го прифати и Филип како свој син, па може и да се забележи дека тие навистина се во многу добри односи.
Иако Боба е веќе три децении во брак со Лепа Брена сепак тој и Зорица и денес се во добри односи.
Филип Живојиновиќ често објавува фотографии на Инстаграм со неговата мајка, која, како што вели, е неговата најголема и безусловна љубов. Па погледнете како изгледа вистинската снаа на Пријовиќ.