Силно невреме попладнево го погоди Скопје, но и повеќе делови од Македонија.

Според првичните неофицијални информации кои граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи, поплавени се поголем број улици во главниот град.

Невремето проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град се уште трае.

Затворени од полицијата поради непроодност се голем број подвозници во Скопје. Во правец од Мавровка кон Влада е проодно, но внимателно.

социјални мрежи

Поплавени се Пластичарка, клучката кај Континентал, неколку поголеми улици во Кисела Вода, кај Бит Пазар, улицата „Јордан Мијалков“….

На дел од поплавените улици има заглавени автомобили.

социјални мрежи

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен по силното невреме кое го зафати главниот град.

Скопскиот градоначалник ги повика граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби за кои истакна дека се на терен.