Пожарникарот Борче Хаџи Василев интервенирал по повик од граѓани да фати змија и жива ја извади од подрумот од една куќа.
– Јавна благодарност до ППЕ од Кавадарци, кое фати змија на повик од граѓани од граѓани која влезе во подрум во куќа во Кавадарци. Благодарност и за пожарникарот Борче Хаџи Василев, за покажаната храброст, пишува во објавата на Фејсбук.
Неофицијално според изгледот на змијата, станува збор за неотровна, од видот смок кои се хранат со глодари и престојуваат во места во кои има глувци и други глодари.