Виолета АЧКОВСКА

Во септември 2008 имав среќа да го видам Порто, еден од најстарите европски градови кој лежи на устието на реката Дуеро. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан. Градот е преполн со споменици и со историја, има посебен шарм и уникатност. По Рим, Санктпетерсбург и Ротердам, за мене можеби еден од најубавите градови. Се надевам дека нашите храбри фудбалери, токму во Порто ќе ја израдуваат Македонија!