На европската ранг-листа, според просечно ниво на субјективно чувство во државата, Република Македонија е во самиот врв на најнесреќните односно на дното од табелата на најсреќните.
Според оваа ранг листа, која кружи на социјалните мрежи, понесреќни од Македонија се само во Бугарија, Албанија и Украина.
Инаку, премиерот Зоран Заев и владејачката СДСМ, не пропуштаат прилика да кажат дека сме пример во Европа, дека блескаме и дека без малку сите ни завидуваат на нашиот блезок и среќа.