Иако публиката ја памети како едно од највпечатливите и најведри ТВ лица што некогаш се појавиле на ТВ екраните во македонскиот етер, таа сепак кариерата ја започна како манекенка и модел уште како тинејџерка, на 17 годишна возраст.
Модната писта и снимањето на ТВ рекламите нема никогаш сосема да ги напушти, иако по препорака на една нејзина тогаш поискиусна колешка, Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова и модниот стилист Александар Билјановски – Дадар, ќе застане пред ТВ камерите. Канл 5 и тогашната програмска директорка на телевизијата, Весна Петрушевска – Бејби ќе ја пружат првата шанса.
Таа пак ќе ги искористи „своите пет минути“, кои ќе потраат… Презентирањето на времето и временската прогноза ќе биде она нешто по што ТВ гледачите ќе почнат да ја препознаваат Ведрана Ѓорѓевиќ, атрактивната убавица со виткана коса, која ја го носеше шармот и магијата во својата насмевка, а сексапилот во нејзините долги нозе.
Таа како водителка стана неизоставен дел од програмите и емисиите на македонските ТВ продукции и телевизии.
Убавото македонско девојче со години беше дел од забавната емисија „Тротоар“, потоа задно со Димитар Атанасовски го водеше македонското музичко талент ТВ шоу „Сите наши песни“ на МТВ, па од утринската програма на МТВ…
..Иако поголемиот дел ја помнат како слатката девојка со убава насмевка која водеше временска прогноза и ги лепеше припадниците на посилниот пол за малите екрани, многу повеќе „очајни“ да ја видат неа, отколку да дознаат какво ќе биде утре времето во Делчево, Берово, Радовиш, Штип, Валандово…!?
И наеднаш, онака како што тивко се појави, убавата Ведрана исто така и ја снема… Водителката со „насмевка од милион долари и нозе уз врат“ едноставно преку ноќ исчезна од телевизискиот етер.
По работата во медиумите работеше како туристички водич во една позната скопска туристичка агенција.
Последното што можевме да го видиме од неа е дружбата и промовирањето на една позната светска козметичка линија кај нас.
Дали тоа значи дека убавата насмеана Ведрана го прави својот камбек во јавноста и јавната професија?