Сијамските близнаци Кристина и Валентина, кои се раздвоени на загрепскиот КБЦ Ребро, денеска стигнаа дома и оваа ноќ ќе им биде прва што ќе ја минат во домот на нивните родители кај Вировитица.
– Вознемирени сме, возбудени, среќни…- изјави нивната мајка Марија Тамболаш за ХРТ.
На прашањето што ги чека, таа кратко одговори:
– Знам, среќа!
Малечките Кристина и Валентина се родени како сијамски близначки, со споени дроб и црева, а во мај годинава успешно ги одвоија лекарите од КБЦ Ребро во Загреб. Во операцијата која траеше дури 15 часа учествуваа 14 лекари со различни специјализации.