Труската актерка Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенџ се венчаа во 2009 година откако нивната љубов се роди на снимањето на серијата „1001 ноќ“.

Во месец февруари 2010 година тие станаа родители на машко дете кое се роди во една приватна клиника во Истанбул.

Бебето го доби името Али, едно од најпопуларните машки имиња во Турција. Денес Али веќе е потпораснато момченце кое има 9 години, а мама и тато ретко го покажуваат во јавност.

Сепак, папараците секогаш се околу нив, па кога ќе ги зачекаат заедно во ретки прилики имаат можност да го фотографираат и Али кој личи на својот познат татко.

Инаку, една од најплатените актерки двојки во Турција, моментално ги гледаме во улогите на Азизе и Џевдет од драмата „Далеку од дома“.