Поради многу лајачки за моето поставување во Управниот одбор на ЈП Лајка, овие денови бев претставена како сопруга на амбасадор, а не заслужен граѓански активист, па решив веднаш да се повлечам од местото и да се заблагодарам на прекрасниот градоначалник Петре Шилегов, кој во мене виде квалитет дека можам да допринесам нешто за животните.
Така на јавноста преку Фејсбук и се обрати сопругата на поранешниот амбасадор и актуелен функционер, Мери Николова Буџаку.
– Но ете, за тие љубоморните кои не знаете дека сум кучкарка: 20 години чувам 3 кучиња од кои едното го зедов од улица и му дадов живот. Јас од оваа влада не добив ништо, но сепак си ја сакам партијата од срце, вели Мери, активистика од тн. шарена револуција и сопруга на Агрон Буџаку.
Таа на крај иронично прашува: Сега дали сте задоволни? А во постскриптума додава:
– Мене овците ме избркаа од работа, останав 11 години, невработена со работен стаж од 11 години. Маж ми и тогаш беше функционер, јас не барав да ме вработи. Зошто тогаш не се буневте за мене да ме вратат на работа? Сега што и да добиев имав заслужено, бидејќи многу допринесов за партијата (СДСМ), вели таа.