Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, заедно со сопругата на премиерот, Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Во празнична атмосфера, се дружеа со децата кои добија и пакетчиња, истакнувајќи ја важноста на континуираната поддршка за семејствата кои се соочуваат со овие предизвици.
-Денес имав чест и голема радост да бидам дел од една навистина посебна празнична атмосфера. Заедно со сопругата на премиерот, Мицкоска и пратеничката Пешевска го посетивме Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник, каде што се одржа празнична забава, како дел од нашата континуирана поддршка за овие деца. Со децата китeвме елка, пеевме, се дружевме, се смеевме и уживавме во секој момент. Нивната искрена радост, топол поглед и детска чистота се најголемата потврда дека ваквите средби се потребни и значат многу. Секое дете доби новогодишно пакетче, како мал знак на внимание, но и голема љубов. Како градоначалник, длабоко верувам дека грижата за овие деца мора да биде постојана и суштинска. Нашата заедница е силна онолку колку што создава еднакви можности за сите, а особено за оние на кои поддршката им е најпотребна, истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Таа вети дека поддршката ќе продолжи.
-Овие деца, нивните родители и сите кои се грижат за нив секогаш ќе имаат партнер во нас. Тие се наши мали херои, а ние сме тука да го направиме нивниот ден поубав, а животот полесен и посреќен. За мене беше вистинска чест и голема радост што денес бевме заедно,