Грижата за природата не е само со лајкови на Фејсбук, туку таму каде што таа и е потребна на природата.
Тоа денеска го направија млади од струмичкото Здружение за заштита на животи:
– Верувале или не, денес спасуваме и штрк. Ногата му беше скршена, па ќе се потрудиме да му ја преврземе. Дечкото рече дека нема проблеми да остане кај него. Ти благодариме Аце, напишаа во кратката објава на Фејсбук на страницата Анимал Ловерс Струмица.
Тие со убав пример покажуваат дека грижата за природата, животните и птиците не е само за миленичињата, туку за целиот животински свет.
Покрај кратката вест љубителите на природата објавија и повеќе фотографии на нивната страница од кои објавуваме неколку.