Манекенката Софија Милошевиќ денес ужива во луксуз. Таа e омажена е за успешниот фудбалер Лука Јовиќ, на кого му роди син, а има и свој приватен бизнис.
Сепак, нејзиниот живот не бил секогаш „мед и млеко“, напротив.
Како што изјави за српските медиуми, таа пораснала без татко, кој го напуштил своето семејство за време на нејзиното детство и го видела само неколку пати во текот на своите триесет години.
Ја исмејувале и понижувале на училиште, а во текот на деведесеттите години живееле многу тешко.
Софија истакна дека уште како дете работела на нива, односно берела пченка.
-Мајка ми ме будеше во шест часот наутро, пред училиште, да чекаме во ред за килограм шеќер и леб. Јас и брат ми одевме одделно за да можеме да купиме доволно леб и млеко. Денес, кога се сеќавам на тоа, сè ми изгледа како кошмар, но тогаш не го разбирав толку драматично. И покрај грдите работи, имав убаво детство. Ништо не ми беше тешко. Ги извршував сите домашни работи, рекла Софија.