Во Зоолошката градина во Скопје, по повеќе од 20 години, се родија мали лавчиња, потоа лама, па лемури и последното новороденче е камила.

Од Зоолошката градина за порталот Курир беа ексклузивно испратени фотографии од малата камила.

Малечкото ќе биде уште една недела во изолација со нејзината мајка, а потоа посетителите ќе може да ја видат.